Одиграно првото коло од Првата кошаркарска лига, Струмица со победа ја започна новата сезона

Екипата на КК Струмица новата сезона од Првата кошаркарска лига ја стартуваше со победа против Вардар.

Струмичкиот клуб со резултат од 64:57 го победи противникот и ги освои првите два бода.

На останатите натпревари беа постигнати следните резултати.

АВ Охрид со 73:61 го победи Пелистер на домашен терен. Работнички беше убедлив со 89:52 над Куманово. Додека Кожув дома загуби од Фени Индустри со 63:66.

Kosharka 1 kolo 2016-17

 

Comments are closed.

Capture