Одгледување на јапонска препелица од хоби до семеен бизнис на струмичанецот Доне Тодоров

Доне Тодоров е еден од ретките во струмичко коj се занимава со одгледување на јапонска препелица. Со одгледувањето започнал пред година дена како хоби, а потоа ја отворил  одгледувачницата „Д – р Дулитл’’ која брои околу илјада јапонски препелици.

Вели дека, за да го поднесеш напорот на секојдневните обврски кои ги бара оваа птица, пред се, мора да ја сакаш и да ја почитуваш. Парите кои ги заработува од продажбата на јајцата,ги инвестира во Здружението „Bald Eagle-Haliaeetus Leucocephalus’’, како и во активности за заштита на природата и животните под мотото „Лекувај луѓе, лекувај животни’’.

skaka 010

Што го прави посебно малечкото јајце на јапонската препелица?

ДОНЕ: Содржи пет пати повеќе фосфор, седум пати повеќе железо и десет пати повеќе витамини од обичното кокошкино јајце. Според хранливоста е 5 спрема 1, и ги нарекуваат природна енергетска бомба иако содржи само 15 калории. Јајцето на јапонската препелица има и лековити дејства. Со одредена терапија може да помогне во лекување на чир на желудник, зголемениот крвен притисок, неуредното варење, шеќерната болест, бронхијална астма, бронхитис, слабокрвност, мигрена, спречување од инфаркт на срцето, го намалува нервното растојание, го намалува холестеролот во крвта,допринесува за поубав тен на лицето па дури го зголемува и памтењето.

skaka 022

Каков систем за одгледување користите?

Постојат повеќе видови на системи, но јас го користам подниот и волиарскиот систем, што значи до 1 месец младите ги чувам во подниот систем, а после тоа во волиери кои ги изработувам сам.

 Колку време и е потребно на јапонската препелица да снесе јајце?

На секои 16 часа носи по едно јајце. Но, најважната работа во носењето е тоа што јајцата мора да бидат оплодени од мажјак бидејќи јајцето од јапонска препелица, доколку не е оплодено од машка препелица, ги нема сите хемиски својства. Затоа на секои 4 женки задолжително е да се стави по еден здрав и активен мажјак за оплодување на јајцата.

skaka 024

Кои се Вашите најчести купувачи на јајцата од јапонска препелица?

Најзаинтересирани се спортистите, бремените жени… За јакнење на имунитет и регенерирање на организмот, родителите купуваат јајцата за деца, а се купуваат и како подарок.

Зошто струмичани не се толку заинтересирани за одгледување на јапонски препелици?

Една од причините е тешко пласирање на пазарот бидејќи луѓето не се доволно информирани за јапонската препелица и лековите својства на јајцата. Исто така, секој одгледувач мора да знае дека јапонската препелица бара многу внимание, дневно треба да ги храните 3 – 4 пати и постојано да одржуваате хигиена.

skaka 030

 Соработувате ли со одгледувачи на јапонски препелици од другите земји?

Од самиот почеток на отварањето на одгледувачницата соработуваме со најголемата фарма за јапонски препелици во Србија „Фарма Драганич’’, предводена од Никола Драганич. Најголемиот дел на нашата соработка е вкрстување, т.е мешање на крвта на македонските и српските препелици, со цел за производство на поздрави јапонски препелици, а со тоа добиваме поздрави лековити јајца.

Comments are closed.

Capture