(ВИДЕО) Николовски: Министерството да биде партнер на откупувачите

nikolo

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на струмичкиот регион каде оствари средби со откупувачите на земјоделски производи.

На средбата, како што изјави Николовски, ги слушнал проблемите и  нивните институционални бариери со кои се соочувале откупувачите во текот на својата работа и при извозот на земјоделските производи.

– Откупувачите ќе бидат наш партнер во текот на работата и во тек на креирањето на политиките во периодот што следи. Задолжително институциите при носењето и на законите и на подзаконските акти ќе мораат да ги консултираат и откупувачите и другите засегнати страни во тек на носењето на сите прописи со кои се регулира токму нивната работа. Тоа  е обврска која мора да ја преземеме, изјави Николовски.

Исто така, додаде, се обврзуваме дека институциите, промоторите, Министерството, сите агенции и целата Влада ќе мора да даде силна поддршка со цел да се овозможи што поголем извоз на земјоделски производи.

Comments are closed.

Capture