Во октомври решени 164 проблеми преку „Систем 48“

Вкупно 189 пријави биле доставени до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец октомври. Од нив решени се 164 пријави, а останатите 25 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 115, од областа на собирање смет 18, водовод и канализација 11, општински инспекциски служби 2, паркови и зеленило 15 и останатите се од други области. 15037298_1122923081094454_9155548584281867890_n
Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за соработката и користењето на услугите и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848.

Comments are closed.

Capture