Струмичкиот рап колектив ,,Дивизија” ќе го презентира својот нов албум ,,Стереотип”

Две и пол години по издавањето на албумот „Втора шанса”, струмичкиот рап колектив Дивизија, го презентира својот нов албум насловен „Стереотип”.

Divizija2Промоцијата на албумот е за кажана за 19ти ноември во Клуб Индустриал, Струмица со почеток во 20.00 часот, а за 3ти декември во Скопје.

„Кога шансата би била дадена, стереотипот ќе биде скршен. Затоа, „Стереотип” претставува повеќе од успех, бидејќи музиката што ја правиме е повеќе од лична. Преку овој концепт од 20 песни ќе може да се слушне многу за нашите искуства, животни лекции, ситуации и ќе може секој да не запознае уште подобро. Среќа, музиката ни помогнала на многу подобар начин да се доизградиме како личности, па затоа веќе 13 години го негуваме рап звукот, со примеси на соул и џез, обработувајќи ја социјалната и политичката ситуација што не опкружува. На овој албум почнавме да работиме веднаш после издавањето на „Втора шанса” во 2014-та година и конечно дојдовме до промоција. За продукцијата беше задолжен Кискинов, со по една песна како продуценти се појавуваат Fundament и Dj Гоце САФ, кој исто така го изработи и мастерингот на целиот албум, додека дизајнот е на Мартин Ковачки.” – изјави Драги Кискин

ФОТО: Зоран Шекеров

извор: http://www.reborn.mk/

Comments are closed.

Capture