Започнаа Отворените забавни фудбалски школи во Струмица

Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“, денеска, започнаа 17-те Отворени забавни фудбалски школи во Струмица, од кои 10 години по ред се финансирани од буџетот на општина Струмица.15032890_1122319754488120_2705827350282938333_nПовеќе од 200 деца на возраст од 7 до 13 години од основните училишта во Струмица учествуваат во овој проект без разлика на полот и нивното фудбалско знаење. Целта е децата да се дружат меѓусебе играјќи разни игри поврзани со фудбалската игра. Секое дете како подарок добива маица и капче од страна на Отворените забавни фудбалски школи. На денешниот прв настан, учествуваа деца од четирите основни училишта од градот, а вториот настан дополнително ќе биде закажан со дечињата од основните училишта од населените места во општина Струмица.15078688_1122319741154788_1062908442301028919_n

Comments are closed.

Capture