Претставници од општина Струмица учествуваа на тридневна обука на тема „Конкурентност и подобрување на примената на стандарди

Во рамките на реализацијата на проектот ,,Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш” – Бизнис Мрежа С-К-К, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, во периодот помеѓу 11.11.2016 и 13.11.2016 година, во Кичево се одржа тридневна обука на тема „Конкурентност и подобрување на примената на стандарди“.14639690_1121365894583506_5569828739004576446_n
Повеќе од 30 претставници на бизнис секторот, локалните и регионалните власти, стопанската комора, организации и институции за поддршка на бизнисот од општина Струмица, општина Кичево и подрачната единица Кукуш беа запознаени со основните предуслови за подобрување на нивното работење и воведување на стандардите за квалитет како еден од инструментите за зголемување на нивната конкурентност. Освен техничките аспекти за воведување на стандарди на квалитет, беа претставени и основните принципи за креирање по ефикасна организациска култура, создавање на поквалитетни производи и услуги на претпријатијата и слично.
Покрај добивање на теоретско знаење, учесниците остварија значајни меѓусебни контакти и имаа можност да ги разменуваат сопствените искуства преку интерактивни вежби и дискусии.15036478_1121365897916839_791382818276729369_n
Проектот „Бизнис Мрежа С-К-К” се спроведува од страна на три проектни партнери и тоа: општина Струмица и општина Кичево од Република Македонија и подрачната единица Кукуш од Република Грција.
Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013 година.15056279_1121365901250172_2897757064988202601_n

Comments are closed.

Capture