Ќе се асфалтира делница од патот кон Просениково

Врз основа на склучен договоре помеѓу општина Струмица и АД „Гранит“ од Скопје, од 15.11.2016 година (вторник) па во наредните три дена во зависност од временските услови, ќе се изведуваат градежни работи на делница од локалниот пат Струмица – Просениково. Асфалтирањето ќе се врши на потегот од „Сале комерц“ од Струмица кон Просениково во должина од еден километар. Општина Струмица апелира до граѓаните да имаат разбирање додека се извршуваат планираните градежни активности.34636635

Comments are closed.

Capture