Комплетирано 13. коло во Третата лига – Исток

Екипата на Малеш во Берово загуби од Овче Поле со резултат од 1:2, додека Напредок во Радово со минимални 1:0 го победи Кит-Го Пехчево.

Рудар во Пробиштип ја забележа втората победа и со 3:0 го победи Конче Бирлик.

Belasica - Vasilevo - 3 kolo treta liga

Слога во Виница загуби од Брегалница Делчево, додека Саса беше подобро со 2:1 од Осогово.

Плачковица на домашен терен беше убедлива над Тиверија со 3:0, а исто така и Беласица на „Младост“ со 3:0 го прегази Работник Џумалија.

Беласица е прва на табелата со 33 бода, на делбата на второто место се Овче Поле, Плачковица и Осогово со по 27 освоени бодови.

На долниот дел е Конче Бирлик без бодови, Рудар на 14-тото место со 7 бода, додека Слога со 9 бодови е на 13-тото место.

Comments are closed.

1