12. коло од Втората лига се игра на 19 ноември

Следното 12. коло од Втората македонска фудбалска лига се игра на 19 ноевмри со почеток од 13:00 часот.

За 12. коло се закажани следните дуели:

Академија Пандев на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Љубанци 1974 Кавадарци, каде струмичани се апсолутни фавороти.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

 

Вардар Неготино на домашен терен го пречекува Еуромилк, тим кој игра во одлична форма.

Скопје и Металург ќе ги одмерат силите, додека Новаци на домашен терен го пречекува Хоризонт од Турново.

Тетекс на домашен терен ќе го пречека Велазерими.

На табелата првопласирана е Академија Пандев со 28 освоени бодови и има предност од 7 бода во однос на второпласираниот Новаци.

На долниот дел е Љубанци 1974 Кавадарци со 7 бода, додека на делбата на осмото место се Тетекс и Вардар Неготино со по 8 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture