Се одржа обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава.

Во рамките на програмата Инклузивно образование, која се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со БРО и МЦГО-Скопје, двајца претставници од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица и еден претставник од општина Струмица, присуствуваа на тродневна обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница.

14962743_1116616261725136_8185435891821694097_nОбуката ја водеше д-р Едина Кромпак, универзитетски професор од Базел, Швајцарија. Во текот на неколкуте сесии, преку интерактивен пристап и креативни активности, беа опфатени повеќе теми кои се однесуваа на клучните елементи на диференцираната настава преку поддржувачка средина за учење, квалитетно планирање, организација на училницата, настава која одговара на разликите помеѓу учениците, соработката со семејството, колаборативното учење и давањето на писмена повратна информација за постигнувањето на учениците. Посебен осврт беше даден за учениците со посебни образовни потреби, со дискусија како да се подобрат однесувањето и социјалните вештини во училница.15027598_1116616271725135_2936635071389043007_n
Општина Струмица во рамките на донесената стратегија за образование конкретно ја опфаќа поддршката за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар за потребите на соработката на воспитно-образовните институции и локалната заедница, со цел да се даде особен придонес за унапредување на градењето на процесите за комуникација со родителите, учениците, училишниот персонал и сите засегнати страни за подобрување на условите за изведување на редовната настава во основните училишта.15056384_1116616511725111_3496506345565129565_n

Comments are closed.

Capture