Советот на Општина Струмица ја закажа 46-та седница

Советот на Општина Струмица ќе одржи седница  на 15.11.2016 година (вторник) која ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во11,00 часот.14051824_1049319811788115_6978659276908100180_n

За работа на седницата се предложени следните точки:

I
Усвојување на Записникот од четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица.

II
Д н е в е н р е д

1.Предлог –План на програмите за развој;
2.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2016 година;
3. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица, за третиот квартал од 2016 година;
4.Предлог – Одлука за овластување на овластен претставник на Општина Струмица кој ќе ги врши работите од надлежност на собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА АД Струмица;
5. Предлог-Одлука за донесување на Стратегија за унапредување на родовата еднаквост во Општина Струмица за периодот 2017-2020 година;
6.Предлог-Одлука за донесување на Стратегија за култура со Акциски план на Општина Струмица за периодот 2017-2022 година;
7.Програма за работа на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ за 2017 година;
8.Програма за работа со финансов план за 2017 година на Општинската установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица“;
9.Програма за годишно работење во 2017 година на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица; и
10.Информација за концептот „Општина по мерка на детето“.

Comments are closed.

Capture