Жителите на Куклиш добија нов парк

Заврши уредувањето на новиот парк во населеното место Куклиш. Жителите добија прекрасно катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување.

14962532_1114499858603443_7188724599921016910_nСо изведбата на паркот во Куклиш се заврши и последниот парк од предвидените пет чија изведба започна во месец мај годинава. Покрај Куклиш, нови паркови површини се уредени во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари.

Градоначалникот Зоран Заев заедно со Советот на општина Струмица продолжуваат со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места.15032293_1114500048603424_434189152525882979_n

Општина Струмица апелира до граѓаните од петте населени места да ги чуваат и одржуваат парковите затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.15036194_1114499838603445_7778788610477725935_n

Comments are closed.

1