Во Струмица се одржа предавање за Дијабетесот и животот со Инсулинска пумпа

Вчера во Домот на АРМ се одржи предавање на тема ,,Дијабетесот и животот со Инсулинска пумпа” во организација на здружението на граѓани ,,Сино Срце ДМ” од Струмица.

1-_SC_1639,,Здружението ,,Сино Срце” како дел од активностите планирани во годишниот план на здружението денеска успешно реализираше уште една активност. Целта на овој настан беше да се запознаат граѓаните,а пред се лицата со Дијабетес за работата на здружението и искуствата со Инсулинската пумпа која значително го олеснува животот на лицата со Дијабетес. Во Македонија недостасуваат настани од ваков карактер, недостасуваат обуки за правилен живот со Дијабетес. Чест ми е што Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев го поддржаа овој настан преку програмата од областа на социјалната заштита – изјави Енес Исмаилов, претседател на здружението на граѓани ,,Сино Срце ДМ” – од Струмица.

На предавањето беа поделени,мениа, памфлети и плакати со продукти за дневна исхрана на дијабетичарите и содржина на точен број на јагленохидрати.2-_SC_1648

На предавањето присуствуваа и претставници од здружението ,,БалансМK” – Асоцијација за детски дијабетес на Македонијa и ,,БУВ” здружение за заштита и едукација на дијабетичари од Скопје кои практично го претставија користењето на Инсулинската пумпа, бенефитите од нејзиното користење и секојдневниот живот со неа.3-_SC_1657 4-_SC_1665

Здружението ,,Сино Срце ДМ” се залага за унапредување и заштита на правата на лицата со Дијабетес Мелитус како и  лицата кои се грижат за лицата со Дијабетес, се залага за промовирање на правилната исхрана на лицата со Дијабетес, правата на дијабетичарите, едукација за правилниот живот на лицата со Дијабетес Мелитус како и откривање и евидентација на истите такви лица.

www.sinosrce.com

Comments are closed.

Capture