Претставници од општина Струмица учествуваа на дводневна работилница на тема „Национално и меѓународно законодавство за увоз/извоз“ во Кукуш

Во рамките на реализацијата на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“, на 5 и 6 ноември во Кукуш (Грција), се одржа дводневна работилница на тема „Национално и меѓународно законодавство за увоз/извоз“.14956020_1113217212065041_268580980526892060_nРаботилницата имаше за цел јакнење на капацитетите, создавање на можности за успех на меѓународниот пазар на извозно ориентираните компании, полесен влез на странските пазари и појасен приказ на сите клучни прашања околу меѓународното законодавство за увоз/извоз, како и зголемување на свеста кај претставниците од бизнис секторот, локалните и регионалните власти, организации и институции за поддршка на бизнисот од општина Струмица, општина Кичево и подрачната единица Кукуш.

Работилницата беше спроведена од страна на двајца експерти, од Грција и Македонија. Експертот од Грција ги презентираше деловните можности, силните страни, слабости и ризици на регионите на Кукуш и Поликастро, легислативата на Грција и процесот на ратификација на законодавството на ЕУ на национално ниво, како и постапките, документите и потребните дозволи за активностите од увоз и извоз меѓу двете земји.14915510_1113217192065043_8529260856044907965_n

Од страна на македонскиот експерт, присутните имаа можност да се информираат за легалната рамка за извоз и увоз, особено поважните закони за регулирање на процедурите на увоз/извоз и царинските постапки, транспорт – шпедитерски услуги, потребни документи за увоз, извоз и транзит и разлики помеѓу легислативата на ЕУ и Македонија. Освен тоа, беа презентирани и одредени производи кои подлежат на одредени мерки на трговска политика, како и потребната дозвола или одобрение и надлежните институции за издавање на тие документи.

 Проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К” се спроведува од страна на три проектни партнери и тоа: општина Струмица и општина Кичево од Република Македонија и подрачната единица Кукуш од Република Грција.

На работилницата присуствуваа вкупно 30 учесници, по 10 претставници од сите проектни партнери.

Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013.

Comments are closed.

Capture