Преглед на 11. коло од Третата лига – Исток

Во неделата беше одиграни 11. коло од Третата лига – Исток.

Првиот натпревар се одигра во Свети Николе, каде Овче Поле загуби од Беласица со резултат од 0:1.

Плачковица со 1:4 славеше над Работник Џумајлија, додека Тиверија со 1:5 загуби од Саса.

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Осогово во Кочани со 2:0 славеше над Слога од Виница, а Брегалница од Делчево на гостувањето кај Конче Бирлик оствари нова победа.

Василево со 0:1 загуби на „Цар Самуил“ од Напредок Радово, додека Кит-Го во Пехчево го победи Малеш со 4:0.

Беласица е прва на табелата со 30 бода, второпласиран е Осогово од Кочани со 27 бода, додека Овче Поле и Плачковица се на делба на треттото место со по 24 бода.

На долниот дел од табелата е Конче Бирлик, единствен клуб кој што се уште нема освоено бод, на 14-тото место е Рудар со 4 бода, додека на 13-тото е Слога од Виница со 9 освоени бодови.

Следното коло се игра на 13. ноември.

 

Comments are closed.

Capture