Се одржа јавна расправа за Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост на општина Струмица

Денеска во домот на АРМ се одржа јавна расправа за Стартегијата за унапредување на родовата еднаквост на општина Струмица за 2017 – 2020 година. Стратегијата се работеше осум месеци, а беа вклучени повеќе релевантни фактори.15027880_1112342352152527_1319190537545120294_n
-Денешната јавна расправа ја организираме со единствена цел консултација со граѓаните, невладиниот сектор и сите релевантни актери во локалната заедница со цел да ја дефинираме Стратегијата за зајакнување на родовата еднаквост на општина Струмица 2017 – 2020 година. Оваа Стратегија финансиски е поддржана од UN WOMEN кое што е тело на Обединетите нации за родова рамноправност и зајакнување на улогата на жената во општеството. Истата се изготвуваше на еден партиципативен начин и тоа во временски период од околу 8 месеци и работната група која што ја изготвуваше беше составена од координаторот и комисијата за еднакви можности на општина Струмица, невладиниот сектор, општинската администрација и други заинтересирани граѓани. Самата Стратегија се темели на 4 стратешки приоритети и тоа економско јакнење на жената, родово одговорно образование, спречување на родово базирано насилство и зголемување на одлучувачката позиција на жената во општеството, рече Нела Масалковска координатор на проектот во општина Струмица.14992029_1112342435485852_6887945680226321214_n 14980827_1112342415485854_5720391101874747079_n 14925270_1112342355485860_6905506254238102716_n 14900370_1112342348819194_5504700473202549565_n

Comments are closed.

1