Одбележана 70-годишнината од постоењето на СОУ „Димитар Влахов“

По повод 70 години од постоењето на средното општинско училиште со ученички дом „Димитар Влахов“, синоќа, во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ се одржа Свечена академија. Пред академија во фоајето на Центарот беше отворена изложба на фотографии. За значењето на овој јубилеј зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.14980557_1112287038824725_7593685914027584229_n-Седумдесетгодишното постоење на Средното општинско училиште „Димитар Влахов“, е нешто што заслужува внимание, респект и почит. Оваа седумдецениска успешна приказна, оваа седумдесетгодишна историја ја испишувале голем број граѓани кои поминале низ ова училиште. Токму затоа, овој јубилеј подеднакво им припаѓа на сите, и на неговите основоположници, и на првите вработени во него , и на сите директори, и на сите кои го сочинувале наставниот и техничкиот персонал во овој изминат период, и вам кои сте современици на актуелниот миг во училиштето, но се разбира, и на сите генерации ученици кои го стекнале или стекнуваат своето средно стручно образование во него. Јубилеите се вредни за одбележување, но тие се и извонредна можност да се направи ретроспектива на најзначајните нешта кои го одбележале периодот од самиот почеток, па се до денешни дни. Во таа смисла, убаво е да се констатира перманентен растеж , но и да се покаже стремеж за понатамошен напредок. Чинам дека Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ е вистински урнек на таков успешен процес кој проектира нови скалила и нови образовни дострели. Кога некој ќе рече „земјоделското“, сите ние струмичани, знаеме за што станува збор. Но со сета почит кон заложбите во минатото и за се она што во процесот на примопредавање на знаења е сторено во годините наназад, мора да се признае дека во последната деценија Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ е многу повеќе од зборот „земјоделското“. Тоа не го велам само поради проширувањето со нови образовни струки, туку и поради фактот дека училиштето е збогатено со многу нови функционални простории и со нови нагледни средства , кои во голема мерка ги подобрија условите за работа во училиштето. Во тој поглед, многу важна беше помошта и безрезервната поддршка од Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев. Успехот на училиштето кој го потврдуваат и бројните освоени награди, е резултат и на доброто работење на раководните луѓе на училиштето но и на и целокупниот наставен кадар, кој со многу труд и љубов кон работата, им го пренесуваат знаењето на своите ученици. 14980799_1112287035491392_5094044416947854706_n

Почитувани вработени, иако приказната за Вашето училиште, ниту започнала, ниту ќе заврши со Вас, сепак мора да Ви се оддаде признание за фактот, дека денес, токму поради Вас, Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ е респектабилна образовна институција во целата држава. Така треба да биде и во иднина, рече Христов.14993441_1112287042158058_819899320495829806_n 14947972_1112287112158051_6036290274939766089_n

Comments are closed.

Capture