Академија Пандев го победи Велазерими

Екипата на Академија Пандев на гостувањето кај Велазерими славеше со резултат од 1:2.

Клубот од Струмица ја запиша деветтата победа во досегашниот тек од сезоната, и со вкупно 28 бодови е на првото место на табелата.

Кичевскиот клуб по поразот останува на седмото место на табелата со 14 освоени бодови.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Академијата сега има високи 7 бода предност, со што веќе останува осамена на првото место и сигурно ќе биде и шампионот во Втората лига со што и сигурно патува во Првата македонска фудбалска лига, каде Струмица ќе има повторно претставник во најелитното фудбалско натпреварување.

Во следното коло, кое се игра на 19 ноември Академија Пандев на домашен терен го пречекува Љубанци 1974 Кавадарци, каде Академијата е апсолутен фаворит.

Comments are closed.

Capture