Се чистат каналите за атмосферски води во населените места

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на каналите за атмосферски води во населените места. Чистењето започна од населеното место Куклиш.14910528_1109432595776836_407966490570045418_n (1) Според Миле Тимов од Одделението за услуги на граѓаните, месни и урбани заедници на општина Струмица, со оваа акција се чистат каналите за атмосферски води во самите населени места, а согласно Програмата на општината за оваа година. По Куклиш ќе се чистат и каналите во населените места Муртино, Сачево, Градско Балдовци, Просениково и Костурино. Со ова чистење ќе се овозможи нормално функционирање на каналите.14910367_1109432592443503_4822825871653090093_n

Comments are closed.

Capture