Беласица загуби во Радовиш од Плачковица

Беласица го доживеа првиот пораз од Плачковица на гостувањето во Радовиш во рамките на 11. коло од Третата лига – Исток.

Домашната екипа со минимални 1:0 го победи првопласираниот струмички клуб и ја запре Беласица по девет победи го доживеа првиот пораз.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Екипата на Беласица останува на лидерската позиција со 27 освоени бодови, додека Плачковица е на четвртото место со 21 бод.

Во следното коло Беласица гостува во Свети Николе, каде ќе има тешко гостување против второпласираниот Овче Поле. Во случај на пораз тогаш Беласица ќе биде на делба на првото место а во случај на победа ќе ја зголеми бодовната предност.

 

Comments are closed.

Capture