Преглед на 10. коло во Третата лига – Исток

Во Свети Николе беше одигран натрпеварот на колото, каде домаќините минимално со 1:0 ја победија Плачковица од Радовиш. По оваа победа Овче Поле е второпласиран со 23 бода.

Беласица со резултат од 2:1 на „Младост“ во Струмица ја врза осмата победа во низа и со 27 бода е првопласирана во лигата.

Работник Џумајлија на домашен терен ја победи Слога со 2:1 и обезбеди нови три бода, додека Брегалница во Делчево го декласираше Напредок од Радово со 6:0.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Во Пробиштип, Рудар ја славеше првата победа во Третата лига – Исток, минимално 1:0 над Малеш од Берово. Басилево со 2:1 го победи Кит-Го од Пехчево на домашен терен.

Беласица е првопласирана со вкупно 27 бода, Овче Поле со 23 бода е на второто место, додека третото место му припаѓа на Осогово со 21 бод.

На долниот дел од табелата е Конче Бирлик со нула бодови, Рудар со 4 бода е на 14-тото место, Слога од Виница е на 13-тото место со 6 бода. Следното коло се игра на 2 ноември.

Comments are closed.

Capture