Преглед на 10. коло во Втората лига

Екипата на Академија Пандев ја славеше осмата победа, овој пат против Вардар Неготино со 2:0 на домашен терен.

Скопје со 2:0 дома го победи Љубанци 1974 Кавадарци, додека Новаци загуби минимално со 0:1 од Еуромилк.

Тетекс го доживеа шестиот пораз во лигата. Во саботата загуби со 0:1 од Металург.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Велазерими на домашен терен ремизираше играјќи 1:1 со Хоризонт од Турново.

Академија Пандев е прва на табелата со 25 освоени бодови, второпласиран е Скопје со 19 бода, додека на делба на третото место се Новаци и Еуромилк со по 18 бода.

На долниот дел од табелата е Љубанци 1974 Кавадарци со 6 освоени бодови, деветтопласиран е Вардар Неготино со 7 бода, а на осмата позиција е пласиран Тетекс со 8 бода.

Следното коло се игра на 5 ноевмри.

Comments are closed.

Capture