Родителите и учениците заедно за „Детските права“

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци од Швајцарија, и оваа учебна година продолжуваат активностите предвидени со акциониот план за следење на наставата по наставните предмети Општество и Граѓанско образование. 14925593_1105521292834633_6137886247388888799_nОпштина Струмица како партнер во овој проект кој го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, активно е вклучена во соработката на училиштата со локалната заедница и ја дава поддршката за успешна реализација како во редовната настава, така и во воннаставните активности.14595575_1105521289501300_1829074368108058580_n
Учениците и родителите од подрачното училиште во село Банско, кое работи во состав на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, реализираа заеднички час со наставничката Верка Урдовска за основните детски права. Учениците и родителите од македонската и турската заедница, преку игра, песна и цртежи ги запознаа основните детски права. Цртежите со детските права, учениците ги поставуваа на соодветни места во училницата. Целта на часот беше исполнета, преку заедничкото дружење да се научи наставната единица, во која децата се активни субјекти со поддршка на нивните родители и наставници.

Comments are closed.

Capture