Беласица со победа над Саса

Екипата на Беласица денес на „Младост“ со резултат од 2:1 ја запиша осмата победа во низа овој пат над Саса.

Со оваа победа струмичкиот клуб го зацврстува првото место на табелата со 27 бода и има 4 бода предност пред Овче Поле од Свети Николе.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Гостите од Македонска Каменица по поразот остануваат на петтото место на табелата со 16 освоени бодови.

Во следното коло Беласица гостува во Радовиш, каде ќе има тежок натпревар против големиот ривал Плачковица.

 

Comments are closed.

Capture