Афоризми на Ристо Филчевски

Жените почнаа да ги пребројуваат машките,

се’ помалку мажи има помеѓу нив.

 

292788_498474550171557_24128915_nНајпосле рамноправност!

Речиси сите сме сиромашни – чест на исклучоците.

 

Така ме насамарија што ми завидуваат и магарињата.

 

Во сексот си играа мерење.

Таа мереше должина, а тој длабочина.

 

Кога пратеникот ќе ви покаже среден прст,

време е да си го ставите прстот на челото.

 

Еден стап по грбот на пратеникот е како сто стапа по грбот на народот.

 

Многумина се технолошки вишок,

дури и кај соствените жени.

 

Треба да си магаре во сексот за да не најдеш коњ во креветот.

Comments are closed.

Capture