Турново на гостување кај Велазерими

Екипата на Хоризонт Турново денес патува во Кичево на гостување кај Велазерими во натпревар од 10. коло од Втората лига.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Турново по низта порази го очекува тешко гостување во Кичево во обид да дојде до победа и три значајни бодови.

Клубот од Кичево во моментот е пласиран на петтото место на табелата со вкупно 13 освоени бодови, додека Хоризонт од Турново е на седмото место на табелата со 10 освоени бодови и е многу блиску до зоната за испаѓање во Третата лига.

Натпревар се игра со почеток од 14:30 часот.

Comments are closed.

1