„НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ“ ЈА ОСВОИ И СТРУМИЦА

На креативен начин, со перформанс, активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска го означија стартот на кампањата и во Струмица.
Шарениот камион го сопре сообраќајот во центарот на градот додека

активистите испуштија летоци од покривите на околните згради и разговараа со жителите на Струмица за проблемите со кои се соочуваат делејќи им бесплатен примерок од граѓанскиот весник „Ние одлучуваме“.
Најчесто повторуваните проблеми од струмичани се:
• Струмичко се празни;
• Старата болница изгледа како сцена на хорор филм; и
• Секој петти граѓанин во струмичко е сиромашен.
Претходно шарениот камион кружеше низ улиците на Струмица, а од опремата која ја превезуваше се слушаа аудио пораки со апел до граѓаните масовно да излезат на претстојните избори закажани за 11 декември, да гласаат по сопствено убедување и волја и да пријават било каква злоупотреба на институциите, како закани, заплашувања и притисоци врз избирачкото право.
Активистите на насобраните граѓани им делеа бесплатни весници и разговараа со нив за клучните проблеми во општеството, како што се здравството, сиромаштијата, образованието иселувањето на младите.
Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.DSC_0836_800x533 DSC_0725_800x533 DSC_0816_800x533 DSC_0684_800x533 20161029_120419 20161029_131626 20161029_131556 20161029_120144 DSC_0712_800x533 20161029_131737

Comments are closed.

Capture