Се опремуваат паркинг места за велосипеди во градот

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, деновиве, работи на опремување на паркинг места за велосипеди во градот. Од планираните пет локации на кои ќе бидат монтирани вкупно 31 рамка за 62 велосипеда за паркирање на отворено, четири се веќе завршени. Овој проект се реализира на иницијатива на Координативното тело формирано од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Здружението на велосипедисти во Струмица „ВК АКТИВ“, кои во соработка со стручните служби од таа област заеднички ги определија локациите за паркинзите.14642444_1102836079769821_6471590456781580067_n

Граѓаните своите велосипеди ќе можат да ги паркираат на следните локации: на плоштадот „Гоце Делчев“ и тоа под видео-бимот и скалите на СОУ „Јане Сандански“, спроти зградата на Фондот за здравствено и пензиско осигурување, на преминот под зградата на Катастарот и Урбанизмот, пред некогашната „Газела“ и спроти споменикот на булеварот „Маршал Тито“.14650276_1102836059769823_6376453656907882808_n

Предлог одлука и елаборатот за издавање на одобрение за користење на јавна површина за паркинзи за велосипеди беа одобрени од Советот на општина Струмица.

Comments are closed.

Capture