Парталов: Подготвени сме и проблемот со кучињата ќе го решаваме согласно законските надлежности и овластувања

Општина Струмица проблемот со кучињата скитници го решава согласно важечките законски прописи во Република Македонија, ова денеска го изјави Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.14908231_1102889213097841_1341415657131177078_n

-Овие денови во завршна фаза е, односно, веќе во наредната недела со работа ќе започне друго правно лице кое што ќе се грижи за кучињата. Меѓутоа и тогаш третирањето на кучињата ќе биде од хуман карактер, односно, после самото третирање, обележување, нивно лечење, тие повторно ќе бидат вратени на улиците во градот. Сакам да упатам еден апел до граѓаните на општина Струмица. Сите тие се големи љубители на животните, меѓутоа, самите тие ги напуштаат и ги оставаат на улиците кои што подоцна создаваат проблеми од невидени размери. Меѓутоа, ние, сме подготвени и согласно законските надлежности и овластувања ќе постапуваме и ќе го решаваме проблемот кој што овие денови е се поприсутен, рече Парталов.

Comments are closed.

Capture