Општина Струмица учествуваше во Деновите на доживотното учење

Во рамките на Деновите на доживотно учење, во организација на Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ од Струмица, општина Струмица ги промовираше досегашните активности на полето на неформалното образование и доживотното учење, а во презентацијата од страна на општинскиот просветен инспектор Зоран Узунов, посебен акцент беше даден на стратегијата за образование 2015-2020 година и идните активности на усогласување на образованието според локалниот пазар на трудот, зајакнување на институциите за неформално образование и образование на возрасни заради обука на кадри според потребите на локалниот пазар на трудот и користењето на кариерно советување за насочување на учениците кон правилен избор на професија.

14522882_1102859553100807_7891097101304333214_n Од страна на Центарот за образование на возрасни беше претставена нивната улога и важноста од соработката со локалната самоуправа.
Во областа на кариерното советување и значењето на практичната настава презентери беа професори од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица и од СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Ученичката Нина Хаџикотарева ја промовираше веб страната на Кариерниот центар при СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а посебен осврт за активностите за доживотното учење даде и претставникот од Центарот на заедницата при општина Струмица, Мими Николиќ. 14691001_1102859386434157_4930326999806181838_n
Општина Струмица, како и секогаш во своите акциони планови ги става во преден план можностите за зголемување на соработката меѓу факторите во воспитно-образовниот процес, зголемувањето на атрактивноста на средните стручни училишта, како и зголемувањето на инвестициските вложувања во образованието преку интеракција со бизнис-секторот за потребите на пазарот на трудот.14907669_1102859749767454_4492888067862569343_n 14572982_1102859426434153_3017219228140258568_n 14563367_1102859389767490_8053499814460691757_n

Comments are closed.

Capture