Градоначалникот Заев:Во Струмица покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби

„Ние, овде во Струмица, покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби и како од училишните клупи се создаваат генерации без предрасуди за нивната различност по верска, етничка или било која друга основа“, порача градоначалникот Зоран Заев, денеска, на завршниот настан на „Деновите на меѓуетничка интеграција“ кој што се одржа во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.14690994_1102104259843003_6173442304433005954_n

-Имаме со што да се гордееме. Низ овој значаен проект и добрата меѓуучилишна соработка ги насочивме учениците, нашите деца на драгоцени вредности, на меѓусебно разбирање и почитување, на толеранција и соживот, на соработка и меѓусебна поддршка. Овие деца, овие кои се денеска тука и стотици други низ училиштата во Струмица, како и илјадниците низ училиштата низ Македонија – тие се сегашноста и иднината на Македонија. Ние, овде во Струмица, покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби. Како од училишните клупи се создаваат генерации без предрасуди за нивната различност по верска, етничка основа или која било друга основа. Бидејќи сите тие поминуваат низ истите училишни радости и обврски, сите имаат потреба од мотив да учат и понатаму да придонесуваат за напредна и успешна Македонија во којашто секој ќе има свое место. Затоа секое дете ни е толку важно. Затоа ни беше толку важно да покажеме дека можеме да учиме, живееме и работиме заедно. Вака се гради општество на еднакви граѓани. Ќе продолжиме да ги воспитуваме и образуваме учениците во духот на соживот и да бидеме пример како еднаквите права и можности отвораат заедничка иднина. Струмица по многу нешта е пример во нашата татковина. Овие деца се тој пример, како од темел се гради општество во кое има место за сите, како се гради иднина, рече градоначалникот Заев.14708246_1102104506509645_3108117312644056462_n

Во дворот на училиштето, во градината на другарството, градоначалникот Заев заедно со децата засадија дрвца, а во спортската сала беа промовирани заедничките активности на учениците и наставниците од сите основни училишта во општина Струмица, а во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.14732369_1102104459842983_3089017850489151549_n 14732258_1102104253176337_8024982197411801816_n 14725587_1102104339842995_5826603719579158706_n 14724539_1102104396509656_1227157848935704322_n 14716249_1102104636509632_1603029845808392696_n 1468573_1102104599842969_3259153780817604333_n

Comments are closed.

Capture