Општина Струмица: Изградбата на мултифункционална изложбена хала во Струмица ја спречија ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

Реакција од Општина Струмица на денешната прес конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Ванковер Манчев.

opština-strumicaПочитувани,

Никола Груевски не може да се помири со успесите на градоначалникот Зоран Заев во општина Струмица. Затоа партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ се принудени да лажат.

Изградбата на мултифункционална изложбена хала во Струмица ја спречија ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Во изборната програма на градоначалникот Зоран Заев јасно е наведено дека халата е планирано да се гради во просторот на поранешната касарна во градот.

Но касарната во Струмица е единствената од сите десет касарни во Република Македонија којашто не е отстапена на Општината. Другите девет касарни се отстапени на општините во коишто се наоѓаат.

Партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица треба да го прашаат нивниот лидер Никола Груевски зошто ги остави струмичани без изложбена хала?

Зошто објектот на касарната, власта под негова контрола сеуште не го отстапува на општината?

Општина Струмица ги поканува претставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои држат прес конференции по налог, да присуствувате на првиот регионален саем, на 22 и 23. ноември, во рамките на проектот „Бизнис мрежа: Струмица – Кичево – Кукуш“, што нема да се одржи во планираната мултифункционална хала, наменета за саеми и концерти, затоа што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ намерно не ја префрлуваат касарната од централната власт на локалната власт во Струмица. – стои во писмената реакција од Општина Струмица.

Comments are closed.

Capture