Најава на 10. коло од Третата лига – Исток

За во недела е закажано 10. коло од Третата лига – Исток со почеток од 13:30 часот.

Првиот натпревар се игра во Свети Николе помеѓу Овче Поле и Плачковица, вториот е помеѓу Беласица и Саса на „Младост“ во Струмица.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Работник Џумајлија на свој терен ќе игра против Слога од Виница, Тиверија во Струмица ќе го пречека Конче Бирлик, каде струмичани се апсолутни фаворити.

Брегалница во Делчево ќе го пречека Напредок од Радово, додека Рудар во Пробиштип против Малеш ќе се обиде да дојде до првата долго посакувана победа.

Последниот натпревар од 10. коло е помеѓу Василево и Кит-Го, натпревар кој ќе се одигра на „Цар Самуил“.

По деветте одиграни кола Беласица е прва со 24 бода, втор е Осогово со 21 бод, додека на делба на третото место се Овче Поле и Плачковица со по 18 бодови.

На долниот дел од Конче Бирлик е последен со нула бодови, Рудар е на 14-тото место со еден освоен бод, Слога е на 13-тото место со 6 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture