Наставници од струмичките средни училишта на меѓународна конференција за наставници по англиски јазик

Од 14 до 16 oктомври во Струга се одржа меѓународна конференција за наставници по англиски јазик, во организација на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на Република Македонија – ЕЛТАМ. СОУ „Никола Карев“ – Струмица зеде учество преку присуството и презентацијата од наставниците членови и локални координатори на ЕЛТАМ – м-р Натка Јанкова и Македонка Маџирова.14793918_1191117694267963_1165613086_n На конференцијата тие го презентираа трудот на тема „Using literature in the ELT“ или „Користење литературни текстови на часовите по англиски јазик“. За своето учество и за презентираната тема наставниците се стекнаа со сертификати за учество на меѓународна конференција со научен труд, кој ќе биде објавен во зборник на трудови од 9-тата Меѓунардона Конференција на ЕЛТАМ. Наставниците од СОУ „Димитар Влахов“ – Зорица Паликарова и Ивана Ѓоргева присуствуваа на конференцијата и се стекнаа со сертификати како слушатели.14825766_1191117697601296_1624183427_n 14797419_1191117700934629_1157187151_n

Comments are closed.

Capture