Преглед на 9. коло од Третата лига – Исток

Денес се одигра деветтото коло од Третата лига – Исток каде беа одиграни вкупно седум натпревари.

Првиот натпревар беше одигран помеѓу Василево и Овче Поле, натпревар кој што заврши со резултат од 1:1.

Кит-Го во Пехчево го пречека Рудар од Пробиштип, и со 6:0 го декласираше, Малеш на домашен терен со 2:1 ја победи Брегалница Делчево.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Напредок Радово со 0:1 беше поразен дома од Осогово, додека Конче Бирлик со 0:3 загуби од Работник Џумајлија.

Беласица на гостување во Виница ја врза осмата победа во низа овој пат со 0:2 ја победи Слога. Саса со минимални 1:0 ја победи Плачковица од Радовиш.

По деветте кола Беласица е прва на табелата со 24 освоени бодови, на второто место е Осогово со 21 бод, додека на делба на третото место се Овче Поле и Плачковица со по 18 бодови.

На долнито дел од табелата се Конче Бирлик со нула бодови, Рудар на 14-тото место со 1 бод и Слога на 13-тото место на табелата со 6 бода.

Следното коло се игра на 30 октомври со почеток од 13:30 часот.

Comments are closed.

Capture