Беласица со победа на гостувањето во Виница кај Слога

Беласица со уште една победа докажува дека е на чекор од Втората лига. Денес ја врза осмата победа во низа, а пораз од струмичкиот клуб доживеа Слога од Виница со резултат од 0:2.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Фудбалерите на Беласица по оваа победа остануваат на првото место на табелата со 21 освоен бод и имаат предност од 3 бода пред второпласираниот Осогово од Кочани. Клубот од Виница останува на 13-тото место на табелата со 6 освоени бодови.

Во следното коло Беласица на „Младос“ ја пречекува петтопласираната Саса.

Comments are closed.

Capture