Академија Пандев со минимална победа над Хоризонт Турново

Екипата на Академија Пандев со минимални 0:1 на гостувањето во Турново го победи Хоризонт.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016

Академците уште еднаш докажаа дека играт во одлична форма и дека се на чекор од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот клуб е со 4 бода предност пред второпласираниот Новаци кој има 18 бода.

Турновци по минималниот пораз сега се наоѓаат на седмото место на табелата и е на само 2 бода предност пред осмопласираниот Тетекс, место кое обезбедува опстанот во Втората лига преку бараж.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен го пречекува Вардар Неготино, додека Турнов гостува кај Велазерими 77.

Comments are closed.

Capture