Утре се игра 9. коло од Третата лига – Исток

Утре со почеток од 14:00 часот започнува деветтото коло од Третата лига – Исток. Првиот натпревар е помеѓу Василево и Овче Поле, каде тимот од Свети Николе е фаворит.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Кит-Го го пречекува Рудар на домашен терен, додека Малеш во Берово ќе ја пречека делчевска Брегалница. Напредок од Радово на својот стадион ќе игра против Осогово, Конче Бирлик дома ќе игра против Работник Џумајли, каде гостите се апсолутни фаворити.

Беласица во недела ќе гостува кај Слога во Виница, каде струмичани се фаворити, додека Саса на домашен терен ќе ја пречека радовишка Плачковица.

Comments are closed.

Capture