Утре се игра 9. коло од Втората лига

Утре со почеток од 14:30 часот ќе се одигра деветтото коло од Втората македонска фудбалска лига.

Првиот натпревар е дерби дуелот помеѓу ланскиот прволигаш Хоризонт Турново и Академија Пандев, натпревар кој што ќе се одигра во Турново на „Кукуш“.

maxresdefault1-696x392 (1)

Велазерими 77 на домашен терен ќе го пречека Металург, додека Тетекс на дома го очекува тежок натпревар против Еуромилк, тим кој што во последните неколку кола игра во одлична форма.

Новаци на домашен терен е апсолутен фаворит против Љубанци 1974 Кавадарци, додека исто така Скопје на домашен терен ќе бидат фаворити против Вардар Неготино.

 

Comments are closed.

Capture