Дерби Дуел Хоризонт Турново – Академија Пандев

Во рамките на деветтото коло од Втората македонска фудбалска лига ќе се соочат екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев.

Хоризонт од Турново на својот „Кукуш“ ќе ја пречека првопласираната Академија Пандев која игра во одлична форма.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Академците се благи фаворити во поглед на формата со која играт, додека Турновци може да ја искористат шансата за реми или евентуална победа со тоа што играат на домашен терен.

Во досегашниот тек од сезоната тимот од Турново има постигнато вкупно 8 погодици а примиле 6, додека Академците имаат постигнато 21 погодик, што ги прави најефикасни во лигата, додека примиле само 8.

Натпреварот се игра утре со почеток до 14:30 часот.

Comments are closed.

Capture