Нова „зелена“ површина во Струмица

Денес вработени во РЕ „Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ , извршија оплеменување на „триаголникот“ кој се наоѓа на почетокот на булеварот Ленинова (на влезот во градот). Според зборовите на раководителот на РЕ „Зеленило“, Ленче Гудева, на овој простор се посадени хризантеми и други хортикултурни единици, со што е разубавен овој дел од градот. Оваа активност е дел од Програмата „50 нови зелени површини“ за 2016 год. на Општина Струмица, од која веќе се отворени 32 нови зелени површини, а во наредниот период преостанува да се завршат и преостанатите 18. И за реализаација на оваа програма, Општина Струмица има проектирано наменски буџетски средства.14570499_1095759543810808_3436094919045021966_n 14610960_1095759537144142_9021926461809156106_n

Comments are closed.

Capture