Асфалтирана улица во Градско Балдовци

Градежните активности на асфалтирање улици во општина Струмица, продолжуваат со несмален интензитет. Според информациите од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, вчера е асфалтирана улица во Градско Балдовци во должина од 300 метри, на потегот од деловните простории на „Ников“ до месното игралиште. 14650153_1095760277144068_3878870549265779052_nСпоред истите информации, во тек се подготвителни работи за асфалтирање на две улици во Добрејци. Овие активности се дел од Програмата „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици“ за 2016 год. на Општина Струмица, за кои се обезбедени средства во општинскиот Буџет.

Comments are closed.

Capture