Тиверија по осум одиграни кола на шесттото место во Третата лига – Исток

Струмичкиот клуб Тиверија во досегашниот тек од лигата освои 11 бода и е пласираната на шесттото место на табелата.

Фудбалерите на Тиверија досега имаат забележано три победи, два порази и два реми натпревари, при што постигнале 11 погодоци, а примиле 10.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Во следното Тиверија е слободна, додека потоа на домашен терен го пречекува Конче Бирлик, каде струмичани ќе бидат апсолутни фаворити.

Со овие три бода, Тиверија ќе има реални шанси да се бори за некое од погорните места на табелата.

После натпреварот со Конче, Тиверија ќе патува во Виница каде ќе игра против Слога, тим кој моментално е пласиран на 13-тото место на табелата со 6 освоени бодови. И во овој натпревар струмичани се фаворити, но Слога може да ја искористи шансата за евентуална победа или реми со тоа дека игра на домашен терен и пред своја публика. Доколку и во овој натпревар Тиверија победи, тогаш клубот од Струмица ќе биде еден од клубовите кои што се бори за погорните места на табелата.

Comments are closed.

Capture