Напредок Радово на 12. место во Третата лига – Исток

Напредок од Радово моментално е пласиран на 12-тото место на табелата со 6 освоени бодови. Клубот на последните неколку натпревари има забележано порази со што се најде на долниот дел од табелата.

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Во досегашниот тек од лигата Напредок Радово има забележано две победи и четири порази, при што фудбалерите на Напредок од Радово постигнале 11 погодоци а примиле 13.

Во следното коло Напредок на домашен терен го пречекува кочански Осогово, тим кој што ќе биде фаворит во овој натпревар со оглед на тоа дека клубот од Кочани игра во многу подобра форма отколку клубот од Радово.

Потоа фудбалерите на Напредок ќе патуваат во Делчево каде ќе играат против Брегалница Делчево и каде имаат реални шанси за победа и за значајни нови три бода.

 

Comments are closed.

Capture