Започна санирањето на ударните дупки во Добрејци

И вчера продолжи санирањето на ударните дупки на улиците. Овој градежен зафат целосно заврши на улицата „11 Октомври“ во градот и согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2016 година продолжи во населеното место Добрејци.
Во изминатиот период се интервенираше на вкупно 42 улици во градот и на улици во населените места Куклиш и Градско Балдовци, а освен во Добрејци ќе се работи и во населените места Вељуса, Просениково и Банско. Овој градежен зафат се реализира со средства од општинскиот буџет.14650160_1093912717328824_3435160122234451669_n 14705681_1093912710662158_1671150055981086843_n

Comments are closed.

Capture