В петок во Домот на АРМ ќе се одржи граѓански проектен форум.

Граѓаните на општина Струмица и годинава ќе имаат можност да предложат и изгласат приоритетни проекти, кои ќе бидат имплементирани од страна на Општината во периодот 2016 -2017 година. Тоа ќе се случи в петок во Домот на АРМ, во рамките на граѓанскиот проектен форум, на кој ќе бидат презентирани планираните проекти од Стратегиите – акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации.

14705642_1094783173908445_9070983100412030060_nТоа беше истакнато на денешната прес конференција, од страна на Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој, при Општина Струмица. Според зборовите на Милушев, овогодинешниот проектен форум ќе има една сесија, а за предложените проекти кои ќе добијат зелено светло од граѓаните, обезбедени се средства во висина од 40.000 долари, од кои половината (20.000) ги обезбедува Општина Струмица, а другата половина, Фондацијата Отворено општество Македонија. Милушев не ја пропушти можноста, да ги повика граѓаните да присуствуваат на форумската сесија и да бидат активни партиципиенти во донесувањето одлуки за изборот на приоритетни проекти.

Comments are closed.

Capture