Беласица првопласирана во Третата лига – Исток

Струмичкиот клуб Беласица игра во одлична форма и е незапирлива во Третата лига – Исток, а тоа го докажува со првото место во лигата и со максималниот ефект, 7 победи, без пораз и без реми натпревар.

14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Фудбалерите на Беласица со 21 бод се на првото место и имаат предност од 6 бода во однос на второпласираната Плачковица од Радовиш и третопласираниот Осогово од Кочани кои имаат по 15 освоени бодови.

Беласица е спремна за натпреварување во Втората лига, а тоа го докажа и во претходно коло кога буквално го декласираше Конче Бирлик, со 24:0. Се поставува прашњето дали гледавме ракомет или фудбал.

Беласица во следното коло патува во Виница каде ќе и гостува на Слога 1934 во натпревар од 9. коло од Третата лига – Исток.

Кенгурите ќе се обидат да дојдат од осмата победа во низа и нови три бода.

Comments are closed.

Capture