Се тампонира локалниот пат од Муртино до Еднокуќево

Започна тампонирањето на локалниот пат од Муртино до Еднокуќево кој ја поврзува општина Струмица со општина Босилово. Според Панче Беџовски, советник за план и анализа во Одделението за локален економски развој на општина Струмица, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица за подобрување на животот на граѓаните на целата територија на општина Струмица и меѓуопштинско поврзување.14731239_1093790957341000_9018102809978174943_n

-Се надеваме дека со подобрувањето на овој пат граѓаните и од двете населени места ќе имаат многу побрза и полесна комуникација, а истиот е и од голема корист за земјоделците од двете села чии ниви се наоѓаат во близина на овој пат. Вкупната инцестиција за овој проект е 1.300.000 денари од кои општина Струмица од својот буџет издвојува 50 насто, односно, 650.000 денари, а останатите 650.000 денари се од Бирото за регионален развој. општина Струмица, градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните на целата територија на општина Струмица, рече Беџовски.

Comments are closed.

Capture