Претставник на општина Струмица на работилница за дефинирање на критериумите за активности од интегрирано образование

Овластениот просветен инспектор, Зоран Узунов, е претставник на општина Струмица на работилницата на која беа разгледани концептот на мали грантови и беа презентирани активностите од проектот на ОБСЕ „Градиме мостови“ и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Краен производ на оваа работилница ќе биде дефинирањето на критериумите за јавен повик, апликација и административно и финансиско регулирање на можностите за учество на училиштата во постапката за мали грантови, кои законски се определени со последните измени во законите за основно и средно образование. Работилницата се одржува во организација на ОБСЕ мисијата во Скопје и Министерството за образование и наука, а учествуваат претставници од неколку општини и училишта од Република Македонија.14680631_1093662777353818_6647912743272740336_n
Посебен осврт беше даден на директното учество на училиштата и општините во овие проекти, кои од своја страна ја споделија позитивната пракса, и дадоа идеи за одржливост на проектот во наредниот период.
Овластениот просветен инспектор, како претставник од општина Струмица, Зоран Узунов, ги образложи досегашните активности на планот на меѓуетничката интеграција во образованието во процесот на добиените мали грантови од ПМИО проектот, директната поддршка од општина Струмица и го објасни програмскиот концепт за формираната комисија за следење, планирање и реализација на активности од меѓуетничката интеграција во образованието. 14716110_1093662780687151_1983221835896200875_n
Општина Струмица, како и досега активно ќе ги поддржува овие активности преку административно-техничка и финансиска поддршка, за исполнување на заедничките цели на локалната заедница и промоција на интегрираното образование.

Comments are closed.

Capture